Отстранување на времени објекти на езерото Младост
Надлежните инспекциски служби при Општина Велес открија 100 времени објекти бесправно поставени во крајбрежниот појас на Езерото Младост. Досега се земени податоци за сопствениците на 80 времени објекти приколки. До 15 октомври годинава Општина Велес ќе им овозможи на сопствениците да ги дислоцираат времените објекти. По тој рок тие ќе бидат отстранети согласно законските регулативи. Целта на акцијата за отстранување на времените објекти е да се создадат услови за преземање на конкретни зафати за уредување на крајбрежниот појас на езерото. Општина Велес работи на остварување на амбициозни планови до наредната туристичка сезона крајбрежниот појас да го трансформира во атрактивно место за домашните и странските туристи.