Меѓународен Куп натпревар во кајак на диви води „Вардар Куп 2013”

На патеката Стар мост во Велес се одржа Меѓународен Куп натпревар во кајак на диви води „Вардар Куп 2013”. Во дисциплината К-1 (Мажи) Сениори, првото место го освои Борче Мирчевски (КК „Вила Зора” Велес), втор заврши Душан Стоилковиќ (КК „Гусар” Ниш, Р. Србија), додека третопласиран беше Ване Рибарски (КК „Вардар” Велес). Во дисциплината Ц-1 (Мажи) Сениори, првото место го освои Александар Јаниќ (КК „Гусар” Ниш, Р. Србија), а втор патеката ја заврши Милош Милошевиќ (КК „Гусар” Ниш, Р. Србија).

Во јуниорска категорија во дисциплина К-1 (Мажи) Јуниори, првото место го освои Александар Златаров, (КК „Илинден” Скопје), втор беше Стефан Кочов (КК „Вардар” Велес), додека трет низ целта мина Вили Јорданов (КК „Илинден” Скопје). Во категоријата К-1 (Мажи) Пионери, првото место го зазема Енис Небиовски (КК „Вардар” Велес), втор беше Џенгис Небиовски (КК „Вардар” Велес) а трет трката ја заврши Христијан Игнатов (КК „Вила Зора” Велес). Во женска категорија К-1 прво-пласирана беше натпреварувачката Кристина Петровиќ (КК „Гусар” Ниш, Р. Србија), додека второто место го освои Христина Бабунска (КК „Вила Зора” Велес). Овој кајак куп натпревар беше под покровителство на Општина Велес, а во организација на Кајак Кану Клуб Вардар од Велес.