Јубилено 15-то запловување на „Вардарската регата Гемиџии“
По повод 15-то издание на манифестацијата „Вардарска регата - Гемиџии’, денес (26-ти јуни 2013) организациониот одбор задолжен задолжен за „Вардарската регата - Гемиџии“ одржа прес конференција на која детално беше презентирана програмата на манифестацијата.
„Овогодинешната регата „Гемиџии“, се организира по повод 110 години од солунските атентати. Регатата ја сочинуваат една гемија и осум гумени чамци во кои 85 лица ќе пловат по водите на Вардар, а останатите 15 ќе им бидат логистичка поддршка по копнен пат.
Организаторите проценуваат дека нивото на реката годинава е добро. Има доволно вода за лесно и брзо да се стигнува до зацртаната цел.
Свеченото поаѓање е во 9 часот на 27-ми од пред споменикот на Гемиџиите пред Малото мовче, регатата ќе се движи до воениот полигон Криволак на Стрела 1 каде се преноќува. Вториот ден регатата се движи кон Демир Капија, третиот ден е во Мрвенци и четвртиот ден на 30-ти Јуни се пристигнува во Гевгелија како последна дестинација.
Општина Велес и оваа година е покровител на манифестација за која има делегирана надлежност Здружението на граѓани “Вардарска регата Гемиџии“ - Велес, задолжено за нејзино организирање.