Општина Велес ја посети делегација од збратимениот град Слобозија
На 25.06.2013 (Вторник), Градоначалникот на Oпштина Велес, Славчо Чадиев во својот кабинет ја пречека делегацијата од збратимениот, романски град, Слобозија на чело со градоначалникот на Слобозија, Александар Стојка и претседателот на регионот „Јаловница“, Силвијан Чуперка, кои се дојдени во општина Велес по повод одржувањето на ИФФ „Велес-2013“. Градоначалникот Чадиев истакна дека посетата е само уште една потврда на добрата соработка која Велес повеќе години ја има со збратимениот град Слобозија.
„Ние со градоначалникот Стојка планираме одредени проекти каде заедно би настапувале во нередниот период. Значи ова не се само формални средни туку гледаме како велес би бил партнер со нив и на тој начин ќе ни станат достапни проектите на ЕУ“, рече градоначалникот Славчо Чадиев. Поконкретна соработка на Велес и Слобозија се очекува наесен. Тогаш ќе пристигне голема економска делегација од романскиот град. Можно е да се направат првите договори за конкретен бизнис. „На есен ќе дојдеме во Велес со погелема бизнис делегација и тогаш ќе договориме поголема соработка, затоа што нашите градови имаат многу заеднички работи, а една од нив е побрз економски развој“, вели Александар Стојка градоначалник на Словбозија. Регионот Јеловница и градот Слобозија се околу 120 километри од Букурешт. Во тој дел на Романија има доста Мекедонци кои заедно со домородното население најмноги се занимаваат со земјоделие, а акцент се става на екологијата и обновливите извори на енергија. „Во регионот Јеловница има доста Македонци иселени од овде и тие секако дека го подобруваат квалитетот на животот. Инаку главно се занимаваме со земјоделие и мислиме да направиме соработка во делот на преработката на нашите и вашите производи“, истакна Силвиан Чуперка претседател на регионот Јеловница. Инаки Слобозија е еден од збратимените градови со кои Велес има најдобра соработка.