„Македонија сурфа“

ImageПроектот е-Влада организира промотивен караван насловен Македонија Сурфа, заедно со три други проекти финансирани од Американската Агенција за меѓународен развој УСАИД, MDW, Македонија се поврзува и e-Biz.Проектот е-Влада веќе разви број на е-Владини апликации со цел да бидат од корист на Македонското општество и истите ќе бидат демонстирани за време на патувачкиот караван. За време на караваанот ќе бидат демонстрирани и некои од ИКТ успугите кои се примарно наменети за граѓаните, како што е е-Банкарсво. Дистрибутери на компјутери и копјутерска опрема ќе им понудат на посетителите на караванот посебни цени за нивна набавка. Компјутери поврзани на Интернет ќе бидат достапни на посетителите и со помош на инструктори посетителите ќе можат да сурфаат на интенет, како и да се информираат за тоа како да отворат своја електронска адреса (e-mail).Караванот Македонија Сурфа започнува во Скопје и вклучува уште 9 града меѓу кои и Велес.Оофицијално отворање на настанот во Велес ќе се случи на 24 октомври 2006, со почеток во 12 часот.


"Македонија сурфа" за главна цел ја  има континуираната промоција на прогресот на Македонија во користењето на Информатичко Комуникациска Технологија (ИКТ). Да ги поттикне локалните власти да ја подобрат ефикасноста и транспарентноста но во истовреме да ги промовираат е-Влада апликациите како и останатите услуги достапни "on-line". Да ја приблилжат ИКТ до сите делови на земјата како и да ги охрабрат / едуцираат граѓаните на Република Македонија да ги користат услугите кои се достапни како и наменети за нив.

Целна група на настанот е генералната јавност. Дополнително, посебен акцент ќе биде даден на постарите граѓани кон кои ќе биде направен и дополнителен пристап, со цел да се информираат за можностите кои ги нуди користењето на ИКТ (пренос на глас, податоци, електронски улуги, е-апликации, итн).

Локацијата ќе биде составена од три сегмента

Сегмент бр.1 — Комерцијалнто ќоше ќе биде место за презентација на е-банкарските услуги, како и партнерот на HP (дистрибутер на хардвер), ОнНет и КИБС ќе ги презентираат и воедно продаваат опрема и услуги. Дополнително, во овој дел е предвидено и гостување на Општината каде што ќе можат да ја претстават локална ИКТ содржина (веб страници, он-лајн услуги за граѓаните и слично). ХП и Микрософт ќе имаат промоција на своите услуги и производи. Проектите на УСАИД (МК се поврзува и е-Бизнис) во овој дел исто така ќе презентираат содржини поврзани со нивните проектни активности.


Сегмент бр.2 - УСАИД е-Влада проектот ќе ги презентира имплементираните е-Владини апликации како и проектие кои се во развојна фаза. Презентацијата ќе се одвива на два големи екрана, еден кој ќе ги претставува проектот е-Влада  додека   на  другиот  ќе  се  презентираат корисни адреси како и визуелизација на интернетот.

Сегмент бр.З - Сурфање на интернет Уо!Р(комјутерска телефонија) "Македонија Сурфа" ќе содржи извесен број на компјутери поврзани на интернт и истите ќе бидат отворени за користење од страна на посетителите. Компјутерите ќе бидат претходно подготвени со корисни адреси и содржини за студенти, широка јавност како и малите бизниси.

Тимот   на   "Македонија   Сурфа" ќе   има   и посебен пристап кон постарите лица, директно асистирајќи им во отварање на интернет адреаса (e-mail), е-плаќање, пристап кон некоја друга апликација или во водење разговор по пат на компјутер со своето семејство во странство.

На посетителите на караванот ќе им асистираат студентите од Факултетот за ИТ.
Главниот медиумски настан ќе биде во Скопје каде каде што се очекува да се здобие и со најголем медиумски интерес. Но ни најмалку не е занемарена соработката со локалните медиуми како и со дописниците на поголемите медиумски куќи од градовите вклучени во караванот, се со цел да се промовира ИКТ и во локации/ градови надвор од главниот град на Македонија.Исто така, проектот е-Влада ќе направи донација на половни комјутери во Пензионерски клубови.

"Македонија Сурфа" е од исклучиво големо значење и важносг за проектот е-Влада како и за нашите партнери. Ќе сториме махимално можно да го претвориме во упешна сторија како и да оствариме позитиен резултат врз заедницата се со цел развој на ИКТ културата во Република Македонија