Одбележани 12 години од смрттa на бранителот Оливер Китановски
Денес (29.06.2013 година) на гробиштата во Башино Село во организација на Здружението на бранители-учесници во воениот конфликт 2001-2002 година Велес се одбележаа 12 години од смртта на бранителот Оливер Китановски. Почит на прерано загинатиот бранител Оливер Китановски му изразија преставници од Општина Велес и од МВР, македонскиот херој Јохан Тарчуловски, членовите на семејството, неговите колеги од специјалната едница „Тигар” како и останати здруженија на бранители од конфликтот во 2001 година. 21 годишниот Олиер Китановски на 29 јуни 2001 година, по петдневна борба за живот им подлегна на раните здобиени од терористички истрел на 23 јуни во борбите кај Арачиново недалеку од Скопје. На 7 Мај оваа годинава, Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов постхумно го одликуваше загинатиот бранител Оливер Китановски за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.