Гемијата и учесниците на Вардарската регата стигнаа во Гевгелија
Поминувајќи над сто километри на гемија и чамци, 85 - мината учесници на Вардарската регата „Гемиџии“ 2013, предводени од градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на 30-ти јуни годинава пристигнаа во Гевгелија. На крајната дестинација гемиџиите на новото време ги дочекаа градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов и претседателот на Советот од Гевгелија Драги Хаџи-Николов. Учесниците во регатата кои истовремено пристигнаа на целта изразија задоволство од можноста на овој начин да ја продолжат традицијата на Гемиџиите а истовремено и да уживаат во пловењето по Вардар. Годинешната Вардарска регата е јубилејна и се одржува по 15-ти пат од кога е започната во 1984 година. Истата е во чест на 110 години од делото на Гемиџиите.