Започна предвидената реконструкција на „Гимназијата Koчо Рацин”

На 25.06.2013 година започна реализацијата на проекот за реконструкција на „Гимназијата Koчо Рацин”. Во оваа фаза е предвидено најпрво да се реконструира кровната конструкција како и замена на надворешната столарија. Изведувач на градежните работи е фирмата Алдинг-Инженеринг ДООЕЛ Скопје, а вредноста на проектот е во висина од 13.000.000 денари. Денес од лице место започнатата реконструкција ја проследи и градоначалникот Славчо Чадиев, кој заедно со директорот на Гимназијата Сашко Андреевски направија увид на изведените градежни работи. Од страна на градоначалникот Чадиев беше истакнато дека ова е уште еден доказ за реализацијата на сето она што е ветено во изминатиот период.

„Нашите намери и во наредниот период ќе бидат токму во насока на инвестирање и подбрување на квалитетот на целокупниот воспитно-обрзовен процес”. – рече градоначалникот Славчо Чадиев. Целосна рекунструкција на училиштето е повеќе од потребна во моемнтов, смета директорот на гимназијата Сашко Андреевски. Зградата во која досега се работеше беше во лоша состојба. Многу средства за трошат посебно во зимските месеци за затоплување поради слабата енегргетска ефикасност на објектот. „Овде 70 години камче се немаше ставено. Сега со овој проект на општината поддржан од Министерството за образование многу ќе добиеме и на енергетската ефикасност„ - истакна директорот на гимназијата. Инаку по завршувањето на целокупниот проект за реконструкција, зградата на гимназијата „Кочо Рацин", во која е сместено и ССОУ „Димитрија Чуповски", за прв пат после изградбата во 1956 година ќе добие сосема нов лик.