Дневен ред за 5-та седница на Советот на Општина Велес
Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-4514/1
02.07.2013 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 5-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 09.07.2013 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
Усвојување на записник од одржаната 4-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција за апликација на проект.
2.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект„Поставување на урбана опрема на дел од пешачка патека околу езеро Младост“.
3.Предлог-одлука за усвојување на акциски план за изградба на пристапни рампи, лифтови и подвижни платформи во објекти од јавен интерес сопственост на Општина Велес.
4.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2013 година.
5.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2013 година.
6.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2013 година.
7.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на млади и спорт во 2013 година.
8.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2013 година.
9.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјална и здравствена заштита во 2013 година.
10.Предлог-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2013 година.
11.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2013 година.
12.Извештај за работата на ЈКП Дервен за период од I-III месец во 2013 година
13.Предлог-решение за давање согласност на Одлука за распишување на оглас за издавање под закуп на дел од Градскиот пазар 2 во времетраење од 15 години, на ЈКП „Дервен“ Велес.
14.Предлог-решение за одбрување на средства од Буџетот на Општина Велес.
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Александар Колев с.р.