Признание за Младите активисти на ОО „Црвен крст” од Велес

На младинскиот клуб на Општинската организација на Црвениот крст од Велес, денес (03.07.2013 година) свечено му беше доделен пехарот за најуспешна општинска организација годинава. Овој пехар го доделува Црвениот крст на Македонија, а младите активисти го добија за најуспешна изработка, документирање и имплементирање на два хуманитарни проекти во рамките на Националниот проект „Црвен крст во акција – промоција на хуманите вредности” за 2012/2013 година. Во работата на овие два проекти биле вклучени 40 млади од градот, членови на подмладокот на Црвениот крст од Велес. Тие преку хуманитарен меѓу етнички концерт, театарска претстава, карате собир успеале да ги соберат потребните средства за помош на нивните врсници.

Рамадан да оди на операција на окото, откако бил застрелан од ловечка пушка а Никола да замине во Турција каде докторите му помогнале во неговата болест. Ова признание е во рамките на Републичкиот проект на Промоција на хумани вредности проект ,,Црвен крст во акција,, и признание на волонтерската работа на младите велешани, нивната хуманост и солидарност. На свеченоста се обрати и д-р Александар Колев, Претседател на Советот на Општина Велес кој упати честитки до младите од целата земја за вклученоста во овој проект, кој ги претвора зборовите во дела и ја потврдува определбата на младите хуманисти. „Продолжете по тој пат, независно од наградите и признанијата. Нив секогаш ќе ги најдете во очите на оние на кои сте ја посветиле активноста. Општина Велес и понатаму ќе продолжи со поддршката на активностите на Црвениот крст од Велес во реализацијата на заеднички проекти што ќе значат подбрување на состојбата и животот на вулнерабилните групи граѓани од општината”. – истакна д-р Александар Колев. Претседателот на Клубот на млади на Црвениот крст, Ангел Јорданов на кого му беше доделен добиениот пехар изјави дека за нив постигнатиот успех претставува мотив за остварување на нови проекти. Докажевме дека со нашата посветеност и вложен труд го менуваме светот на подобро, па макар тоа биле и двајца поединци, наши врсници. Имавме повеќе активности но два проекти оставија силен белег. Тие се од хуман карактер со искрена намера да помогнеме – вели Ангел Јорданов. Инаку проектот „Црвен крст во акција” за промоција на хуманите вредности веќе 15 години успешно се реализира во нашата држава.