Одбележување на Неделата на детето

ImageВо организација на  Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и Општина Велес, по повод одбележувањето на Неделата на детето, во големата сала на Општина Велес се одржа завршната  свеченост на акцијата „Недовршен расказ. Годинава автори на недовршените раскази од областа на екологијата и безбедноста во сообраќајот ги напишаа писателите Павлина Климкар Меанџиева и Есад Бајрам.

ImageВо рамките на свеченоста присутните ги поздрави Проф д-р Никола Петров, претседател на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија кој го поздрави творештвото на младите литерати и инивниот интерес да учествуваат на конкурсот. Од името на домаќинот, Општина Велес, присутните ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој изрази задоволство што токму Велес, градот на културниот и просветителскиот дух на Македонија е избран за домаќин на манифестацијата. „Она што можете да го научите од книгата и она што можете самите да го создадете играјќи со богатството на јазикот и зборовите не може да се научи никаде на друго место освен во Вашата љубов за литературата.

ImageНегувајте ја како патоказ во животот што ќе ве направи посилни и побогати за многу светови“ рече Коцевски кој им ја честиташе Неделата на детето на сите деца во Македонија и светот.На свеченоста на која присуствуваа и истакнатите писатели Бистрица Миркуловска, Македонка Јанчевска, Горјан Петревски и Наум Попевски на најуспешните ученици чии творби беа пријавени на конкурсот „Недовршен расказ“ им беа доделени пригодни награди. На конкурсот учествуваа во деца од сите основни училишта од Република Македонија.
Свеченоста беше збогатена со пригодна културно уметничка програма.

Одбележувањето на Неделата на детето продолжи на 6-ти октомври кога во чест на о пзачленувањето на првачињата во Светската детска организација спортската сала на ЈП „Парк-спорт“, настапи Театарот за деца и младинци од Скопје кој ја изведе претставата „Итар Пејо“.


Image 

Image