Бетониран спој на ул. Љубљанска со ул. Рилски Конгрес (Игманска)
Изминативе денови заврши бетонирањето на спојот на улица Љубљанска со улица Рилски Конгрес (Игманска) која се наоѓа во Урбаната заедница „9-ти Ноември”. Со реконструкцијата на улицата беа опфатени вкупно 403 м2 површина во должина од 82 метри. Средствата за овој градежен зафат во висина од 182.152,00 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 година.