На Езерото Младост поставен е спасителен пункт

На Влезот од Езерото младост, од правец на Велес тимот за безбедност на вода на „Македонски спасител” изминативе денови постави спасителен пункт. Овој спасителен пункт е прв од таков вид во пет децениското постоење на Езерото Младост. Дежурни лица на пунктот ќе има секој викенд и секој празник, целата летна сезона. Тие овој ангажман ќе го извршуваат волонтерски. Стручните лица годинава се опремени со специјална спасителна опрема која е донација од Калифорнија – САД. Спасителниот пункт е изграден со помош на Општина Велес и ЕВН – ЕСМ.