Реализација на проектот за водоснабдување на Езеро „Младост''

Во тек е изградбата на цевководот од градскиот водовод до крајбрежниот појас на езерото Младост. Со изградбата на цевководот со квалитетна вода за пиење од хидросистемот „Лисиче“, од кој се снабдува Велес, ќе се снабдуваат и објектите околу крајбрежниот појас на езерото, како и Башино Село, населбата Речани и селото Отовица.