Советот на Општина Велес избра нов претседател

ImageНа 30 та седница членовите на Советот на Општина Велес за претседател на Советот на општината го избраа Трајко Бабунски, дипломиран правник. На седницата беа верификувани мандатите на Данчо Стојановски и Александар Бузалков како нови членови на Советот на општината и беше констатиран престанок на мандатите на поранешниот претседател на Советот на општината, Марјанчо Николов и поранешниот член Илија Димов кои станаа пратеници во Собранието на Република Македонија.