Отстранување на заглавените дрвја од мостовите на Вардар

При висок водостој реката Вардар носи дрвја кои се заглавуваат на раклите од мостовите во градот и тоа претставува потенцијална опасност по статиката и стабилноста на мостовите. Неколку пати наназад, интервенцијата за отстранување на заглавените дрвја од раклите на мостовите лоцирани во градот ја извршува Општина Велес на сопствен трошок. И овој пат, иако надлежноста е на Јавното претпријатие за државни патишта, отстранувањето на заглавените дрвја од раклите на мостовите, ја изврши Општина Велес преку економски оператор во интерес на безбедноста на мостовите и скратување на временска рамка за завршување на работите од страна на надлежениот орган.