Одбележани 200 години од раѓањето на Андреја Дамјанов
Денес (13.07.2013) беа одбележани 200 години од раѓањето на најпознатиот македонски градител Андреја Дамјанов. Чествувањето, што го организираа Општина Велес и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, се одржа во соборниот храм „Свети Вмч. Пантелејмон“ – едно од најпознатите дела на Андреја Дамјанов каде што е и место на неговото вечно почивалиште. Андреја Дамјанов бил роден во 1813 година во велешкото село Папрадиште, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа и градителска тајфа изградил 40 цркви кои се вистински ремек-дела во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и во Бугарија. Починал во 1878 година и неговиот гроб само со крст без име и презиме по неговаа желба се наоѓа во неговата црква соборниот храм „Св.Вмч.Пантелејмон“ во Велес. Храмот Свети Вмч.Пантелејмон, ремек делото на Дамјанов, според акустиката која ја поседува, денес е познат и како македонска Миланска скала.