Топол културен бран во Велес

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денес на пресконференција го презентираше проектот Топол културен бран кој Општината го реализира во соработка со Министерството за култура.

Проектот топол културен бран во Велес ќе стартува на 21-ви во недела, со гостување на Театарот за деца и млади од Скопје, со претставата „Македонска приказна“. До 30 јули ќе се одржи уште и концерт на популарна музика и промоција на книги од велешки автори како и концерт на Синтезис. Гостувањето на Синтезис и Театарот за деца и млади се проекти на Министерството за култура. Од презентирањето на странска култура во Велес очекуваме гостување на културно уметничко друштво од странство. Во вториот дел од проектот по периодот 20-31 август покрај стандардните концерти и промоции на велешки автори, од Министерството за култура ги преземаме концертот на Кристина Арнаудова и Ансамбл „Келтикум“. Претставувањето на културата од странство во втората етапа на проектот е застапено со концерт на Тамбурашкиот оркестар „Равница“ од збратимениот град Сомбор.

ПРОГРАМА (I-дел)


21.07.2013 (недела)

21:00 часот         

Театарска претстава „Македонска приказна“
Театар за деца и младинци – Скопје
Место: Амфитеатар – Младински парк

23.07.2013 (вторник)

19:00 часот       

Промоција на книгата„Под сенката на брезата“ на авторот Нада Алексова
Место: Медиотека – ЛУ библиотека „Гоце Делчев“


29.07.2013 (понеделник)

19:00 часот                  
Промоција на книгата„Наспроти ветрот“ на авторот Павлина Климкар Меанџиева
Место:  Медиотека – ЛУ библиотека „Гоце Делчев“

28.07.2013 (недела)

21:00  часот       

Концерт на етно група „Синтезис“
Место: Амфитеатар – Младински парк
 
31.07.2013 (среда)

Фолклорни ракувања
Настап на КУД од Велес и гости од странство во чест на 110 години Илинденско востание