Работна средба за еднакви можности
Македонското женско лоби во рамките на проектот “Ние сме лидери/ки застапувачи на промени во нашите заедници“ финанскиски подржан од UN Women - тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, а спроведуван од Македонското женско лоби, ДЕСИДЕ, Институтот Евробалкан како и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Собранието на Република Македонија, денес одржа работна средба со Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес и претставници од општинската администрација.
Информативната средба ја водеше консултантката Афердита Хаџијаха Имери која изворно информираше за целите, активностите и очекувањата од проектот. Во оваа пригода таа ги најави и новите методолошки пристапи со воведување Програма за менторство, модел на поефикасна работа наспроти традиционалното организирање обуки. Стартот на пријавување за учество во програмата на менторирање е најавен за во месец септември.