Започна реконструкцијата на Офицерскиот дом
Денес (19.07.2013, петок) официјално стартуваше најавената реконструкција на Офицерски дом во Велес. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев заедно со пратениците во македонското собрание Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев како и раководството на ЈКП Дервен го посетија просторот кој од денес почнува да добива нов лик. За потребите на општината, објектот ќе биде пренаменет во Градска куќа каде ќе се одвиваат повеќе активности од доменот на локалната самоуправа, а останатиот простор ќе прерасне во парк и зелена површина.
„Можеме да констатираме дека објектот е тотално уништен, запуштен но токму тоа за нас преставува предизвик ние со едно добро идејно решение кое ќе биде преставено пред граѓаните на Општина Велес да започнеме со реконструкцијата и средување на ова место кое треба да биде продолжение на целиот овој блок, зесдо со театарот со парккот и новата црква“, истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Илија Димовска изрази особено задовлство што диманиката на активности на локалната самоуправа е зголемена во последниот период и во соработка со централната власт веќе во нашиот град се спроведуваат повеќе значајни проекти. „Во полн ек е реконструкцијата на Гимназијата Кочо Рацин и Основното училиште Кирил и Методиј, Владата на Р.М. одлучи на општина Велес да и го отстапи Офицерски дом и околината за намени за кои ќе одлучи општината, исто така Владата одлучи градскиот стадион да и го отстапи на општина Велес, многу наскоро ќе започне реконструкцијата на патниот правец спрема село Иванковци, што значи дека овие неколку месеци од функционирање на локалната самоуправа се одличен пример како една општина треба да функционира”. - потенцираше пратеникот Илија Димовски.
Реконструкцијата на објектот ќе се изведува во неколку фази. Потребните средства Општина Велес ќе ги обезбеди од сопствениот буџет. За хортикултурното уредување околу објектот задолжени се екипите на „Паркови и зеленило” од ЈКП Дервен. Тие ќе го осмислат целиот зелен појас кој ќе ги поврзува Гимназијата Кочо Рацин,новата црква Свети Кирил и Методиј, Младинскиот парк и зградата на Народниот театар ЈХК Џинот, со што целокупниот простор ќе добие еден нов лик.