Топлиот културен бран започна со „Македонска приказна“

Вечерва (21.07.2013) на амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа театарската претстава „Македонска приказна“ во изведба на театарот за деца и младинци од Скопје со која се означува почетокот на реализацијата на проектот на Министерството за култура и Општина Велес „Топол културен бран“. Ова е првата манифестација од првата етапа на проектот што се реализира во периодот 20-31 јули и 20-31 август.