Обука за СОС оператори

Денес Општина Велес реализираше обука за волонтерите што ќе ја опслужуваат СОС линијата на Општина Велес. СОС линијата е со број 211-106 и физички е сместена во канцеларијата на Патролниот социјален работник на ул „Димитар Влахов“ бб. Операторите по завршување на обуката се здобиваат со сертификат за работа на СОС линија што е наменета за пријавување на девијантни појави во општеството и нивно што поефикасно канализирање во институциите на системот.