На територијата на Општина Велес се продаваат локации за две нови бензински пумпи

На девет локации долж Коридорот 10 ќе се градат бензински пумпи и услужни центри. На продажба се понудени девет атрактивни локации. Од нив две со вкупна површина од околу 90 илјади метри квадратни се на територијата на Општина Велес.  Eдната со површина од 40 000 м2 е во месноста „Ветерско“ а другата со големина од 50 000 м2 е во месноста „Чолошево“. Почетната цена е 200 денари за м2.  Изградбата на двете бензински пумпи на територијата на Општина Велес претставува директна реализација на две нови инвестиции, дополнителни вработувања, поттикнување на транзитниот туризам и воопшто економски развој на општина.

„Доколку се продадат тие два локации ќе имаме минимум по дваесетина вработувања на едната и другата локација. Токму она што е карактеристично за мене, вработувањето е во прв ред, секако тука се и комуналиите кои ќе бидат уплатени оти се предвидуваат да бидат поголеми објектите“, - истакна градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Објавите ќе бидат доставени и до економски промотори на Република Македонија за да може да анимираат и странски оператори на бензински пумпи да дојдат во Република Македонија бидејќи се работи за атрактивни локации.

Јавниот повик за продажба на државното неизградено земјиште е отворен до 27 наредниот месец.