Коњаниците од Илинденскиот марш во Велес

Велес е дел од маршута на Илинденскиот марш што Организациониот одбор на оваа несекојдневна манифестација во чест на најголемиот македонски празник Илинден го реализира по 35-ти пат. На својот пат за легендарното Крушево коњаниците предводени од македонскиот херој Јохан Тарчуловски во центарот на градот, ги пречекаа Градоначалникот Славчо Чадиев и Претседателот на Советот, Александар Колев. Велешани горди на своето минато им посакаа добредојде со оро, песна и во духот на традицијата со леб и сол.

Делегации од Општина Велес и од Илинденската коњаница положија цвеќе и се поклонија пред симболот на македонскиот непокор, споменикот на велешките илинденци Алабакот, Офицерчето и Докурчев. Рано утинава коњаниците го продолжуваат патот преку Извор и Прилеп до Крушево каде активно ќе се вклучат во обележувањето на 110 годишнината од Илинденското востание.