100 дена Градоначалник на Општина Велес

Почитувани сограѓани,
Општина Велес е компактен организам чиј пулс го диктира хармонијата во реализирање на надлежности во сите области – урбанизмот, комуналната сфера, социјалната заштита, образованието, културата, локалниот економски развој, спортот, противпожарната заштита, меѓународната соработка, соработката со невладините организации и фондации, месните и урбаните заедници итн. Во изминативе 100 дена јас како градоначалник на Општина Велес заедно со Советот и целокупната администрација вложив максимални напори подеднакво да се посветам во реализацијата на нашите програмски определби во сите наведени области. Довербата која ни ја дадоа граѓаните за нас значи обврска и поттик за подобрување на условите во секојдненото живеењенаОпштинаВелес. Во овој извештај се наоѓаат проектите кои Општина Велес ги реализираше или се во фаза на реализација во изминативе 100дена