Целовечерен концерт на музичката етно група „Синтезис”

Вчеравечер на Афмитеатарот во Младинскиот парк се одржа целовечерен концерт на групата „Синтезис” како дел проектот „Топол културен бран” во организација на Општина Велес и Министерството за култура.Велешани имаа можност неповторливо да уживаат во звуците на богатиот македонски фолклор.

Традиционалните звуци со современи аранжмански решенија прозвучија низ македонските традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнија и трите ангелски гласови во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција.