Градоначалникот со отчет пред граѓаните за изминатите 100 дена
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на 100-тиот ден од стапувањето на функцијата градоначалник започна со дистрибуирање на отчет за сработеното во изминатиот период. Toj потенцираше дека отчетот не е почетна еуфорија и дека темпото на работа ќе остане исто се до истекот на неговиот мандат и дека тоа е начинот граѓаните да видат дека довербата која ја имаат дадено е обврска и поттик за да се подобрат условите во секојдневното живеење во општината.
На своите сограѓани, градоначалникот Чадиев уште еднаш им дава искрено ветување дека и во следниот период ќе продолжи со интензивна работа, со посветеност со желба за подобар живот, истовремено слушајќи го нивното мислење кое ќе биде респектирано и уважено од негова страна.