Патролен социјален работник
„Патролен социјален работник”,
проект на МТСП, Општина Велес и ОО на Црвен крст- Велес
Состав на тим: волонтер – социјален работник на Општина Велес, волонтер – дефектолог од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и волонтер од Црвениот крст. Службата работи под директно менторство на Одделението за јавни дејности во Општината и Центарот за социјална работа. Задача на оваа служба е со директна комуникација со месните и урбаните заедници навремено да ги детектираат сите девијантни појави во средината – семејно насилство, проституција, питачење, алкохолизам, наркоманија и сл. но и да се откриваат лица во ризик, социјални случаи, сами и беспомошни стари лица.
Канцеларијата на Партолниот социјален работник е отворена секој работен ден од 9:00 – 17:00 часот на улица„ Димитар Влахов“ во барака во близина на Железен мост. Граѓаните имаат можност да остварат средба со службите и да пријават случај.
Основната цел на проектот: Детекција и превенција на социјални случаи. Евиденција на лица во ризик и процесуирање до надлежните институции за социјално вклучување на ранливи категории граѓани.
Општина Велес во овој простор истовремено реализира и уште еден многу значаен проект: „СОС линија за помош“
УСЛУГИ:
1. Телефон за помош и поддршка од областа на социјалната заштита
2. СОС линија за жртви на семејно насилство
3. Патролен социјален работник
4. Бесплатно стручно советување
5. Подигнување на јавната свест