Започнуваат планирањата за наредната година

Спроведувајќи ги во целост определбите за транспарентно и отчетно работење, Општина Велес деновиве испраќа известување до сите корисници на општинскиот буџет за планските задачи што ќе се реализираат во текот на 2014 година.
Имено, сите урбани и месни заедници, невладини организации, сојузи, федерации, спортски клубови, локални установи и др. кои планираат активности за кои очекуваат финансиска поддршка од Општина Велес, треба да побрзаат во изготвувањето на програмите за работа и планирањата за наредната година и за тоа да ја известат општината.

Општина Велес на сите корисници на општинскиот буџет им доставува известување со кое најкасно до 15 –ти септември треба да се достават идните проекти, со цел навреме да бидат разгледани. Оние кои се од поголемо општествено значење и се од корист на граѓаните на Општина Велес ќе бидат дел од нацрт-програмите за активностите на Општината во 2014 година.
Сепак, граѓаните освен на овој начин, ќе можат директно да учествуваат во планирањата за 2014 година и преку јавните расправи што ќе бидат организирани во текот на втората половина на месец октомври.

Со почит!
Општина Велес