Заврши турнирот во мал фудбал „Тунел 2013”

21 фудбалска екипа од повеќе градови од Македонија беа учесници на 13-тиот турнир во мал фудбал „Тунел - 2013“. Организациониот одбор и УЗ „Тунел“ од 8-31 јули го реализираа турнирот што е еден од најмасовните и најуспешните спортски манифестации во Велес. Годинава за наградата за прво место се изборија фудбалерите на ФК „Дали-Пом“ од Куманово.

Второпласирани се „Алдин-Пласт“ од Велес, а за третото место се изборија фудбалерите на „Тиквеш“ од Велес против четвртопласираниот клуб „Цар-Мебел“ од Велес. За најдобар стрелец на натпреварот беше прогласен Александар Пановски од „Тиквеш”, за најголман Илчо Удовалиев од „Дали-Пом“, а за најдобар играч Драган Петровиќ од „Дали-Пом“. Наградите на најуспешните им ги додели Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.