Велес ги прослави двата Илиндена

На големиот христијански и национален празник Илинден, Велес им се поклони на своите херои. Достоинствено, како што доликува на град – револуционер, на авангарда во борбата за национална слобода.

Делегација од Општина Велес предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, ОО на СЗБ од НОВ, АРМ, институции и организации, здруженија и поединци во чест на 110 годишнината од Илинденското востание и 69 години од АСНОМ оддадоа почит во спомен-костурницата и пред споменикот на Велешките илинденци.