Нова слободна интернет зона во градскиот парк и спортските терени

Општина Велес заокружи уште еден значаен проект од областа на информатичката технологија за 2013 година.
Зоната која ги опфаќа градскиот парк и спортските терени е опремена и подготвена на сите љубители на комуникациски технологии, да им овозможи пријатни интернет часови на отворено.
Заедно со дел од општинскиот тим задолжен за ит-технолигиите, градоначалникот Славчо Чадиев од лице место ја промовираше новата услуга која ќе претставува корист и придобивка за сите граѓани.


„Ова е проект на Општина Велес во соработка со телекомунацискиот оператор Blizoo со кој на граѓаните на Велес, особено на младите им се овозможува бесплатна конекција на сите пофреквентни места во градот.” – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Ваквиот чекор е уште еден дел во напорите за заживување на Градскиот парк и враќање на младите луѓе во него. Целта една и едниствена, паркот да прерасне во пријатно место за одмор, рекреација и спортување на сите граѓани на Велес.
Во следните години се планира со безжичен интернет да биде покриено целото градско подрачје и поголемите населени места во општината.