Работна средба на градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев со заменик-министерот за образование Сафет Незири

Жителите од велешкото село Сливник добија ветување од заменик министерот за образование Сафет Незири  дека наредната година ќе започне реконструкцијата на училишната зграда.Пред почетокот на оваа учебна година ќе се направат санитарните јазли а за реконструкција на училишната зграда општина Велес имала поднесено проект во министерството.„Ние сме оптимисти во оваа насока дека во текот на 2014 година би требало да отпочнат градежните работи во ова училиште бидејки капиталните инвестиции се обврска на ова министерство“, рече Сафет Незири, заменик министер за образование.

На први септември во двете училници од прво до пето одделение треба да учат 80 ученици.Едно од можните решенија за  времено надминување на просторниот проблем е одржување на настава во две смени.Но за тоа потребно е  вработување на уште едне наставник.„Тие побараа ново финасирање ова ќе го пренесам во министерството за образование и министерството за финансии, преку барањео бна училиштето и општината  ќе с еима ова во предвид“, рече заменик министерот  Незири „За неколку дена почнува реконструкцијата односно изградбата на санитарниот јазол во овој момент вториот проект кој  е во врсака со водоснабдувањето е во Министерството за транспорт и врски и очекуваме да биде реализиран во наредниот период“, рече Славчо Чадиев, грдоначалник на општина ВелесПреставниците на Советот на родители денеска немаа конкретен одговор ќе ги пуштата ли децата на училиште на први септември. Велат одлуката ќе ја донеле откако ќе се состанеле сите родители чии деца учат во училиштето во село Сливник.Превземено од www.lisica.mk