Соработка на Општина Велес со Меѓународниот Славјански Институт
Денес (06.08.2013, Вторник) градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и ректорот на Тамбовскиот државен универзитет, Владислав Михајлович Јуриев потпишаа договор за соработка помеѓу Општина Велес и Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Овој договор за соработка предвидува ангажирање на студенти од факултетите при ПВУ Меѓународен Славјански Институт „Гаврило Романович Державин“ на практична настава како практиканти во Општина Велес.
Рекоторот на Тамбовскиот државен универзитет, Владислав Михајловиќ Јуриев истакна и дека како пратеник од градот Моршанск и како ректор, ќе вложи максимални напори ваквата соработка да се продолжи и на полето на економската соработка, запознавање на претприемачите, разгледување на сите видови на можности на двата побратимени градови.
На потпишувањето на договорот за изведување на практична работа во Општина Велес, градоначалникот Славчо Чадиев напомена дека одсега нашите студенти ќе имаат можност во општината да ја изведуваат својата пракса, се со единствена цел да се даде значаен придонес во едукацијата на студентите.
Инаку на славјанскиот универзитет во Македонија студираат околу двеста студенти. Од него веќе излезе и првиот доктор на науки во Русија. Покрај соработката помеѓу двата универзитети, Општина Велес денеска се збратими со градот Моршанск, па со тоа соработката ќе се продлабочува и на полето на културата и на економијата. Веќе во септември наша делегација ќе замине за Русија кај новостекнатите пријатели.