Градоначалникот Чадиев присуствуваше на Бајрамската молитва

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев утрово присуствуваше на Бајрамската молитва во Фазли Ахмет Паша Џамијата во Велес. По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Чадиев упати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед. -„Од мое име и од името на Советот на Општина Велес на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитатм најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.

Нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани”. – истакна градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.