Традиционален прием по повод Рамазан Бајрам
По повод големиот празник Рамазан Бајрам, Градоначалникот на Општина Велес денес (09.08.2013 година) организираше традиционален прием за претставниците на Исламската верска заедница, членови на Советот на општина Велес и претставници на здруженија на граѓани. На приемот на кој присуствуваа Муфтијата Адем Чоревски и Имамот Нијази Мустафов, Градоначалникот Чадиев им го честиташе Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламската вероисповед и им посака здравје и среќа во животот.
„Почестен сум што сте денес мои гости заеднички да го обележиме големиот празник, да си посакаме и понатаму успешна соработка и заеднички да ги решаваме сите проблеми што ги носи животот”. – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Присутните на приемот оценија дека заедничкото чествување на големите празници од страна на граѓаните од различни заедници придонесува за развојот на локалната демократија.