Во Велес се одржа деветата радио средба „Поздравете ги најмилите“
Наместо преку брановите на македонското радио, дел од радио пријателите од емисијата „Поздравете ги најмилите “ се позравија лично на деветата радио средба која годинава се одржа во Велес. Поздравот упатен до своите во Канада или Америка или пак до пријателите од Пехчево и Струга за слушателие е исто толку значен колку и за радио екипата која цели десет години ја организира оваа емисија.
На средбата која се одржа во петокот во хотелот „Монтенегро” во Велес присуствуваа градоначалникот Славчо Чадиев и пратениците во македонското собрание Влатко Ѓорчев и Мики Додевски за кого овие емисии исто така биле секојдневие за време на неговото живеење во Австралија.
Сателитската програма на Македонското радио традиционално организира неколкудневно дружење со радио пријателите. На овој начин се јакне соработката, се зголемува бројот на слушатли а се создава и големото радио семејство.