Се одржаа 36-тите средби на Бошњаците од Македонија

И оваа година Горно Оризари беше центарот на Бошњаците од Македонија за да ги обележат 36-тите Средби на Бошњаците. Генерацијата Бошњаци што го започнала ова дружење пред 36 години денес се гордее со оваа манифестацијата. Средбите уште еднаш докажаа дека Бошњаците во Оризари ја пишуваат историјата на својот развој, но и на развојот на Велес и Македонија.

На свеченоста свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, кој на присутните гости уште еднаш им го честита празникот Рамазан Бајрам посакувајќи им ваквите средби на Бошњаците од година во година да се дочекуваат во се поубаво окружување, да продолжат да се надградуваат во содржината, квалитетот и да се одржуваат уште многу години.