ЗНАМЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ВЕЕ НА МОНТ БЛАН
На 31 јули точно напладне 5 планинари од Македонија, меѓу кои и Велешанката Марија Хаџи Ристова се искачија на највисокиот врв на алпите - врвот Монт Блан. Марија е првата девојка од Велес која го освојува овој врв.
На надморска височина од 4.810 метри, од сега па натаму ќе се вее знамето на Општина Велес, благодарение на успехот на Хаџи Ристова.