Наместо на јаворот некролози ќе се поставуват на посебна табла

Стар велешки обичај беше на јаворот на плоштадот С’рмаале, да се закачуваат некролози за известување на јавноста за починатите сограѓани. Меѓутоа со текот на времето кората на јаворот што е платаново дрво ставено под заштита на законот почна да се оштетува. Со намера да се заштити дрвото, а да се сочува стариот обичај ова место да остане уличен информатор за граѓаните, ЈКП „Дервен“ постави табла на која во иднина ќе се лепат некролози.


Упатуваме апел до сите граѓани да ја користат таблата, а не дрвото за поставување некролозите со коишто се уништувањето кората од повеќевековниот јавор. Така ќе се допринесе за заштитата на дрвото кое е прогласено за споменик на културата.