Планирања за 2014 година

Почитувани,

Спроведувајќи ги во целост определбите за транспарентно и отчетно работење, Општина Велес  деновиве  започна со подготовките за планирањата за 2014 година. За таа цел се известуваат сите буџетски корисници  најкасно до 15 септември да ги достават своите барања и идни проекти за кои очекуваат финансиска поддршка од Општина Велес.

Со цел планирањата за наредната година да произлезат од реалните потреби на граѓаните и жителите на населените места во Општина Велес, потребно е Советите на урбаните/месните заедници да ги одредат приоритетите на жителите од својот реон и во форма на предлог или барање да ги достават до стручните служби. Издржаните и реални барања ќе бидат земени во предвид при подготвувањето на програмите за наредната 2014 година. Тоа значи, дека без разлика на видот или областа на која се однесува проблемот или барањето, треба да се достави до Општина Велес од името на  Советот на месната или урбаната заедница најкасно до 15 септември.

Врз основа на овие предлози и барања ќе се подготвуваат нацртите на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.

Граѓаните ќе имаат можност јавно да се произнесат за своите барања и предлози и на јавните расправи што ќе се организираат во втората половина на  месец октомври 2013 година.

Ви благодарам  на соработката.

Градоначалник
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев

Целокупната документација можете да ја симнете од следниот линк