Знамето на Општина Велес се развеа и на врвот Дамаванд

По големиот успех минатата година и освојувањето на највисоките врвови на планината Арарат, нашиот сограѓанин Тоше Ѓоргиев се врати во Велес со уште еден триумф – го искачи 5.671 метар високиот врв во Иран. Врвот на високата планина Ѓоргиев го освоил на 8.08.2013 година. И овој пат поддршка на Ѓоргиев му дадоа Градоначалникот и Советот на Општина Велес.