Одбележан 11-ти Октомври
Денот на востанието на македонскиот народ и Ден на борецот
По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и Ден на борецот, во спомен куќата на Васил Главинов свечено беше отворена трајна поставка на портрети на Кочо Рацин од Перо Коробар. За поставката, подарок од семејството Коробар, пред присутните посетители говореше Климе Коробар кој го нагласи пиететот со кој истакнатиот културен деец, потпретседател на Културниот собор на поранешна Југославија, управник на Македонскиот народен театар,основач и главен и одговорен уредник на списанието „Културен живот“ Перо Коробар ги создавал цртежите посветени на големиот поет Коста Солев Рацин.
Трајната поставка на портрети на Рацин ја отвори Градоначалникот Аце Коцевски кој изрази задоволство задоволство што по повод еден од најголемите празници на независна и суверена Македонија, Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на Борецот ,Велес има можност да добие во наследство драгоцени спомени на едно време врежано во историјата и непроценливо културно богатство. „Со постојаната постановка на портретите на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин во Велес се врати духот, идејата и творечкиот импулс на
истакнатиот културен и општествен деец и наш сограѓанин Перо Коробар“, рече Коцевски.
истакнатиот културен и општествен деец и наш сограѓанин Перо Коробар“, рече Коцевски.
Празникот беше одбележан и со предавање во употреба на новоизградената фонтанана на улицата Благој Ѓорев. Во рамките на свеченоста, благодарност до Општина Велес за реализацијата на овој проект упати Петре Кипровски, претседател на Советот на Урбаната заедница „9-ти Ноември’. Фонтаната во употреба ја предаде градоначалникот Аце Коцевски кој меѓу другото истакна дека урбаното разубавување на Велес е само дел од амбициозните планови и програми на Општина Велес за создавање на град препознатлив по својот урбан растеж и создаден по мерка на граѓаните.
Коцевски упати благодарност до авторот на проектот, архитектот Соња Пренџова Јуруковска како и до изведувачите ГП „Делта пром“-Велес, „Адмирал“ - Куманово, „Урбан Инвест“ - Кавадарци , „Мил-Ден“-Велес и ЈКП „Дервен“. Со атрактивниот изглед и уредената локација новоизградената фонтана предизвика голем интерес кај граѓаните.
Денот на востанието на македонскиот народ и Ден на борецот беше одбележан и со свечена академија која се одржа во големата сала на Општина Велес. Во рамките на академијата што ја организираше Општинскиот Одбор на Сојузот на борци на Македонија –Велес во соработка со Општина Велес, за значењето на историскиот 11 Октомври како настан што се вгради во темелите на независна и суверена Република Македонија, говореа градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и г-динот Ристе Ристевски, претставник на Општинскиот Одбор на Сојузот на борци на Македонија – Велес. На свечената академија Општинскиот Одбор на Сојузот на борци на Македонија – Велес им додели признанија на градоначалникот Аце Коцевски, Здружението на пензионери и фирмата „Тедико Транс“ за нивниот придонес во негувањето на светлите традиции на Велес и Македонија. Во рамките на свеченоста беа доделени и нгарадите на најуспешните ученици на конкурсот на тема „Незаборав на борците што паднаа за татковината“.
Првата награда ја освои Софија Наковска VII в одделение од ООУ „Св Кирил и Методиј“, вторатата награда –Ивона Камчевска I-7клас од ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“, а третата награда и беше доделена на Мица Пасковска V в одделение од ООУ „Благој Кирков“.
Свечената академија беше збогатена со настапот на Милка Ефтимова и Јасминка Чакар.
Првата награда ја освои Софија Наковска VII в одделение од ООУ „Св Кирил и Методиј“, вторатата награда –Ивона Камчевска I-7клас од ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“, а третата награда и беше доделена на Мица Пасковска V в одделение од ООУ „Благој Кирков“.
Свечената академија беше збогатена со настапот на Милка Ефтимова и Јасминка Чакар.