Акција „Се грижиме за топол дом”
Акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општина Велес, денес го имаше и првиот донатор во општината. Еден наш сограѓанин донираше кауч што му беше доставен на куќна адреса на првиот пријавен граѓанин што има потреба од ваков предмет. Да потсетиме: Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку Центарот за социјална работа во Велес, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита и претставува можност за доближување на системот до социјално ранливите групи во вистинска смисла на зборот.
Донираните предмети треба да бидат функционални и употребливи (покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго) и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита и смејствата кои немаат доволно средства за да си обезбедат мебел,покукнина и сл. Социјално загрозените лица коишто ќе примат одредена донирана ствар, нема да може да бидат услужени со иста таква во наредните три години. Акцијата ќе се одвива според принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”.