Одбележан денот на Армијата на Република Македонија
Со положување цвеќе на Спомен-костурницата и со свеченост во велешката касарна Алексо Демниевски-Бауман денеска беше одбележан 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Коствски, честитајќи им го празникот на старешините, војниците и вработените во АРМ истакна истакна дека низ годините Армијата со сета чест, достоинство и професионалност го продолжува вековниот сон на сите македонски херои кои се бореле за праведност, слобода и подобра иднина.
„Сите овие години армијата беше со својот народ, со локалната самоуправа, со зджуенијата и со организациите. Несебично се вклучуваше во сите акции кога беше потребно и побарано. Нераскинливото ткиво на таа поврзанот и ден денес се гледа во довербата и почитта која армијата ја има кај сите граѓани„ – рече полковник Љупчо Костовски. Денешниот ден армијата го искористи и за унапредување на старешините кои имале најдобри резултати годинава и кои ги исполниле сите задачи. Пред присутните за презентација беше поставен и дел од воениот арсенал со кој располага. Гостите одблиску ги видоа и се запознаа со перформанците на автоматската пушка, црна стрела, ракетните системи, оклопните возила и опремата за извидување. За добрата соработка која АРМ ја има со Општина Велес на градоначалникот Славчо Чадиев му беше доделена благодарница.