Жителите од Киро Чауле ќе отстапат дел од земјиштето за улицата
Денес во просториите на Општина Велес вкупно 16 корисници на земјиште кои живеат на улица Киро Чауле во населбата „Керамидна” во присуство на нотар, дадоа изјави дека се согласуваат да отстапат дел од нивните земјишта за уредување на улицата во овој дел од градот. За остапувањето на делот од нивните површини тие не бараат никаков надоместок. Општина Велес до жителите од улицата Киро Чауле уште еднаш изразува благодарност за иницијативата и соработката која ја покажаа во изминатиов период.