Министерот за странски инвестиции Џери Наумов во посета на Велес

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Џери Наумов денес (21.08.2013) ја посети Општина Велес и оствари средба со Градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата со министерот беше согледана социо-економска ситуација во општината, целокупната слика во стопанството како и можностите за привлекување на странски инвеститори во Велес. Градоначалникот Чадиев го запозна министерот со напорите што ги прави Општина Велес во создавањето услови за интензивен локален економски развој како што е добивањето сертификат за општина со поволно бизнис опкружување, утврдени индустриски зони и обучена администрација која стои на располагање да ги олесни постапките за инвеститорите што ќе го одберат Велес за својот бизнис.

Исто така со примена на Националната и локалната стратегија за вработување, се отвораат и можности Општина Велес да понуди покрај локациски и технички и човечки ресурси во интерес на ЛЕР. По средбата Министерот Џери Наумов и Градоначалникот на Општина Славчо Чадиев го посетија АД „БРАКО”, една од најуспешните фирми на македонскиот и пазарите на Балканот, како и фабричките хали на „ДИДО ГРОУП” и поранешна „Порцеланка”. Овие објекти можат лесно да се адаптираат во работен простор. Посетата заврши со обиколка на индустриската зона „Речани”.