Kреирање на развојна стратегија во образовната дејност

На 21.08.2013 година во големата сала на Општина Велес се одржа педагошка работилница на која директорите на основните и средните училишта, стручните служби и наставниот кадар во нив добија насоки за изработка на стратегија за развојни планови во наредните четири години. Согласно барањата на Министерството планот мора да го имаат сите училишта. Ваквиот план за развој на училиштето е процес со кој училиштето ќе постигне одреден раст и развој на педагошките индикатори за квалитет на наставата во воспитно-образовната работа по сите наставни предмети.

Стратегијата за разој ќе ја одреди патеката по која ќе се движи училиштето во наредниот четиригодишен период. Раководствата на училиштата се тие кои треба да формираат тимови од наставници и професори кои ќе ја изработат стратегијата.