Контролни натпревари во футсал помеѓу Македонија и БиХ
Во рамките на подготовките за квалификациите на ЕП во Србија 2015 година, футсал репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина, вчера го одиграа првиот од двата контролни натпревари во спортската сала „Гемиџии” во Велес. Репрезентацијата на Македонија ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина во со 4:2 (резултатот на полувремето беше 1:1). Вечерва двете селекции во салата Гемиџии со почеток во 20.00 часот играат уште еден контролен натпревар.