„Во одбрана на македонскиот идентитет“ од д-р Веле Алексовски
Во средата на 21.08.2013 година во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев” во рамки на културната манифестација „Топол културен бран“, свечено беше промовирана книгата „Во одбрана на македонскиот идентитет“ од еминетниот македонски писател д-р Веле Алексовски. Моја главна преокупација е националната историја на македонскиот народ, од 19 век па наваму. Во оваа книга имам застапени разговори, интервјуа со македонски патриоти кој сум ги среќавал по Европа, Америка.
Вториот дел се раскази од пост воениот период по 1945-та година. Пишувам примери за национализација, колективизација, аграрна реформа по што целосно се запуштија нашите села – истакна на промоцијата авторот Веле Алексовски. Тој оваа книга ја работел 20 години, целиот период на негово творештво. Истата е објавена во 350 примери.